Приведени двајца гостиварци фатени со кокаин и марихуана

пред 3 години

Во вечерните часови на 28 јануари на улицата „Железничка“ во Гостивар, полицијата ги уапсила гостиварците В.А.(39) и С.А.(23), кај кои билe пронајден кокаин и марихуана.

Подоцна, во домот на В.А., врз основа на судска наредба, бил извршен претрес и била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top