Приведени двајца крадци, краделе накит и бела техника од куќа во Идризово

пред 3 години

Полицијата приведе двајца крадци осомничени дека во повеќе наврати краделе од куќа во скопско Идризово.

Според информациите на МВР,  денеска полицијата ги привела В.А. (29) од скопско и С. Ш. (21) од скопско поради извршено кривично дело тешка кражба во периодот од 20 до 27 ноември во куќа во село Идризово, каде во повеќе наврати украле бела техника, златен накит, телевизори, лаптоп компјутери и други предмети.

Украдените предмети биле пронајдени, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава против осомничните.

Share
Scroll to Top