Приведени двајца криумчари на мигранти од скопско

пред 2 години

Денеска околу 08.00 часот во близина на наплатната станица Демир капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода Б.И.(22) од с.Стајковци, скопско и И.Ш.(24) од с.Студеничани, скопско.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

При преглед во возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал Б.И., а совозач бил И.Ш. биле пронајдени 10 лица илегални мигранти (пет од Сирија, три од Сомалија и двајца од Пакистан).

Околу 06.30 часот кај наплатната станица Демир Капија, лицата не застанале на знак за запирање, но по преземени мерки мерки возилото било запрено и двете лица се дале во бегство, но набргу потоа по пребарување на теренот биле пронајдени и лишени од слобода. Возачот, совозачот и мигрантите биле однесени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top