Приведени двајца Срби, кои биле фатени како превезуваат мигранти

пред 2 години

Српски државјани синоќа биле приведени кај наплатната рампа Смоквица, бидејќи при контрола во возилото биле пронајдени девет лица мигранти.

Возачот е 19-годишен а совозачот 16-годишник.

Меѓу мигрантите шест биле кубански, а три индиски државјани.

Поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело по чл.418-б од Кривичниот законик, возачот и совозачот биле приведени во полициска станица, за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и ќе се соочат со законски превидените поднесоци, додека лицата мигранти биле спроведени во Транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Share
Scroll to Top