Приведени двајца тетовци за незаконско реемитување на ТВ програми

пред 3 години

Полицијата вчера ги привела В.О.(33) и Б.О.(53) од Тетово, поради сомнеж дека сториле кривично дело повреда на авторско право и сродни права.

„При претрес извршен со судска наредба во домот и помошни простории на В.О. на ул.„185“ и во неговите деловни објекти на ул.„Илинденска“ и ул.„120“ во Тетово, пронајдена и со потврда е одземена разновидна опрема која ја користел за реемитување на телевизиски програми, односно преку посебен портал им препродавал ИП-телевизиски канали на заинтересирани корисници“, велат од МВР.

Повеќе парчиња разновидна опрема и други предмети одземени се и при претресот кај Б.О. кој, исто така, користел ИП-телевизиски портали за рееметување на домашни и странски канали и од претплата на заинтересирани клиенти остварувал противправна имотна корист.

Од двајцата тетовци се одземени лаптоп-компјутери, компјутерски куќишта, рисивери, УСБ-а, андроид бокс и друга опрема. По целосното рачистување и документирање на случајот на В.О. и Б.О. ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Share
Scroll to Top