Денеска во Скопје се приведени Н.Ш. (24) и С.Б. (32) поради сомнение дека учествувале во денешното разбојништво кое беше пријавено во 12.35 часот во експозитура на банка на подрачјето на Центар. Во настанот три лица со закана со оружје одземале пари од вработените, информира полицијата.
Појаснуваат дека се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.