Приведени дилери од Кавадарци, сакале да се ослободат од дрогата и да побегнат

пред 3 години

Во текот на вчерашниот ден во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода М.К.(18) и О.Н.(25), двајцата од Кавадарци затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Околу 18.00 часот на ул.„Младост“ во Кавадарци полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“, управувано од М.К. и кога застанало возилото совозачот О.Н. фрлил неколку пакувања со бела прашкаста материја и се обидел да избега.

При преглед во возилото биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, а исто така марихуана била пронајдена и кај возачот М.К..

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на О.Н.. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

По целосно документирање и расчистување на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Share
Scroll to Top