Приведени три лица барани со потерница

пред 4 години

Вчера во 10.30 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип е приведен Е.С.(32) од Штип за издржување на казна затвор. Тој е спроведен во КПУ Струмица на издржување на казната.

Претходно во 05.50 и во 06.25 часот од страна на полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица приведени се и М.С. од селото Саса и И.И. од Македонска Каменица за издржување казна затвор. Првиот е спроведен во КПУ Струмица, а вториот во затворот во Штип каде ќе ја издржуваат казната.

Share
Scroll to Top