Приведени тројца крадци од Куманово, украденото вратено на сопствениците

пред 2 години

Вчера, во периодот од 10.00 до 12.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Љ.Ѓ.(19), К.С.(19) и С.С.(18), сите од Куманово.

Тие се сомничат дека на 09.11.2021 одзеле предмети од три патнички моторни возила на различни локации од Куманово.

Тројцата биле приведени во полициска станица, а украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена сооодветна пријава.

Share
Scroll to Top