Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на подрачјето на Аеродром синоќа го лишија од слобода А.С.(36) од с.Грчец, скопско.
За него била распишана потерница со која се барал за доиздржување на казна затвор.
Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за доиздржување на затворската казна.