Приведено лице по распишана централна потерница

пред 2 години

Утрово во 08.10 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ го лишиле од слобода С.Т.(50) од Тетово.

За него била распишана централна потерница по наредба од Основното јавно обвинителство Скопје за истражна постапка во врска со кривично дело по чл.247 од Кривичниот законик.

С.Т. бил предаден во полициска станица за понатамошна постапка.

Share
Scroll to Top