Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

пред 2 недели

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче.

Од МВР информираа дека вториот приведен е В.Т.(36) од Скопје.

Претходно Обвинителството објави дека приведен е 26-годишен скопјанец кој учествувал во кражбата.

Со тоа, двајцата се сомничат дека на 1 април провалиле во затворен маркет на улицата Востаничка во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или сѐ во вкупна вредност од 285.000 денари.

ОД МВР информираа дека  судија на претходна постапка на едното лице му определи мерка притвор.

Текстот Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top