Приведен газда на кафеана во Тетовско, работел и покрај забраната

пред 4 години

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(58) од с.Порој, Tетовско, сопственик и управител на угостителски објект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 31.12.2020 во 23.04 часот во Тетово, на ул.„Маршал Тито“, при извршена контрола од полициски службеници од СВР Тетово, во врска со воведената забрана за работа на угостителските објекти за посетители по 18.00 часот, со цел спречување на ширење на заразната болест Kовид-19, било констатирано дека угостителскиот објект работи и во него биле затекнати гости послужени со пијалаци на масите. Пријавениот бил лишен од слобода и приведен во СВР Тетово за понатамошна постапка.

Share
Scroll to Top