Приведен гостиварец кој извршил низа тешки кражби, украл и автомобил „ауди“

пред 3 години

Доцна синоќа полицијата го привела Ф.И. (31) од гостиварски Вруток, поради сомнение дека сторил повеќе кражби и тешки кражби на подрачјето на Гостивар, меѓу кои и вчерапријавена кражба на автомобил „ауди А3“, сопственост на К.П.(26) од Гостивар, кој бил паркиран на улицата „Гоце Делчев“.

Автомобилот подоцна бил пронајден на улицата „Никола Парапунов“ во Гостивар, додека кај Ф.И. биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои се наоѓале во возилото.

Разбојникот бил задржан во полициската станица во Гостивар и по комплетно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде изготвена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top