Вчера во 10.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Ј.(31) од с.Смолари, општина Ново Село.
Тој се сомничи дека на 07.12.2021 околу 20.00 часот одзел пари од куќата на З.М.(56) од с.Смолари.
Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а М.Ј. бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.