Малолетник од Скопје е приведен поради разбојништво и тешка кражба.
Од МВР информираат дека во присуство на родител и адвокат сo него бил извршен разговор и тој признал дека на 29 март во автобус на ЈСП со закана со остар предмет од друг малолетник одзел мобилен телефон и ранец. Телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот. Исто така, тој признал дека неколку дена порано извршил и кражба во стан на Ѓ.Н. и одзел пари, мобилен телефон и други предмети. Телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот.
По целосно документирање на случаите против малолетникот ќе бидат поднесени соодветни пријави.