Приведен малолетник од Скопје, управувал автомобил и носел пиштол

пред 5 години

Вчера на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници запреле патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје.

Како што информираат од МВР, при преглед кај него бил пронајден пиштол „Екол туна мод 635“.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Share
Scroll to Top