Приведен разбојник кој извршил седум тешки кражби во куќи во Свети Николе

пред 2 години

Полицијата во Свети Николе во текот на вчерашниот ден го лишила од слобода А.Б. (33) од овој град, поради сомнение дека во претходниот период од куќи на подрачјето на Свети Николе извршил тешки кражби, при што одземал разни предмети.

Дел од предметите се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани.

По целосно документирање на случаите, против А.Б. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Share
Scroll to Top