Синоќа полицијата уапсила 33-годишен скопјанец, баран поради кражба.
Според информациите, осомничениот на ул.„Борка Талески“ извршил кражба од возило на фирма, кое го управувал Х.Р. од Скопје. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, против М.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.