Приведен српски државјанин, превезувал мигранти од Индија и Пакистан

пред 3 години

Полицијата приведе српски државјанин во Гевгелија кој во неговиот автомобил превезувал мигранти од Индија и Пакистан.

Според информациите на МВР, вчера околу 11 часот на влез во Гевгелија, полициски службеници го уапсиле М.А.(47) од Србија.

Во возило „шкода суперб“ со српски национални ознаки, кое го управувал, превезувал двајца мигранти – A.J.(30) од Индија и М.M.(29) од Пакистан. За настанот е известен јавен обвинител, а М.А. бил предаден на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ.

Мигрантите се сместени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

Share
Scroll to Top