Приведен струмичанец поради обид за убиство

пред 2 години

Триесет и тригодишен маж од Струмица (Ф.Д.) е проведен вчера поради обид за убиство.

„На 24 декември во СВР Струмица било пријавено дека во ЈЗУ Општа болница Струмица со тешки телесни повреди од тврд предмет бил донесен М.О.(56) од село Нова маала, општина Василево. Од преземените активности од страна на полициските службеници било утврдено дека на критичниот датум осомничениот во домот на М.О. го извршил кривичното дело“, велат од полицијата.

Во текот на денот, осномничениот ќе биде изведен пред судија.

Share
Scroll to Top