Приведен угостител во Тетово кој работел навечер и покрај забраната

пред 3 години

Синоќа во 22.35 часот од страна на инспектори при Одделението за криминалистичка полиција Тетово, од слобода е лишен Е.И.(31) од село Долно Палчиште, сопственик на угостителски објект во Тетово, поради сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, казниво по чл.206 од Кривичниот законик.

При контрола на угостителскиот објект во сопственост на Е.И., истиот е затекнат како работи и покрај одлуката на Владата за работното време на угостителските објекти, соопшти полицијата.

Share
Scroll to Top