Денеска во 10.00 часот на ул.„Антон Попов” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.А.(28) од Штип.
Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик.
Лицето, како што соопштија надлежните ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.