Вчера од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево во Скопје бил лишен од слобода К.Т.(48) од Прилеп, за кого била распишана централна потерница за доиздржување на казна затвор во Прилеп.
Притоа, при извршена контрола кај него биле пронајдени алати и предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со извршени кривични дела и тие се предадени за вештачење.
К.Т. е спроведен за доиздржување на затворската казна во Прилеп, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.395 ст.3 за „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“ од Кривичниот законик.