Признанието за „Титаник“ е признание дека ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружение, велат од СДСМ

пред 3 години

Признавањето вина на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за случајот „Титаник“ е потврда за сите изборни измами и за целиот криминал на режимот, велат од СДСМ преку соопштение.

Според владејачката партија, признавањето на вина е признавање за злосторничко здружување, изборни измами, поткуп при гласање, уништување на избирачки материјал или со еден збор, криминализација на изборниот процес од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се потврди се она што го говоревме. ВМРО-ДПМНЕ ја фалсификувала слободната волја на граѓаните преку злоупотреба на институциите и парите на граѓаните. Признанието во предметот „Титаник“ е признание дека ВМРО-ДПМНЕ е злостроничко здружение. Одговорност во овој предмет како и за сите останати предмети мора да има“, велат од СДСМ.

Вчера по точно шест години откако поранешното СЈО го отвори случајот „Титаник“, поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, како Мартин Протоѓер, екс шеф на кабинетот на поранешнот премиер Никола Груевски, се изјаснија како виновни. Пресудата за дел од обвинетите во случајот „Титаник“ е закажана за 28 февруари. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Share
Scroll to Top