Притвор за двете лица фатени на скопскиот аеродром за трговија со прекурсори

пред 3 години

Двете лица кои во текот на вчерашниот ден беа приведени на скопскиот аеродром се спроведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје.

„По произнесување на осомничените и Јавниот обвинител во однос на предлогот, судијата донесе решенија со кои го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот Н.К. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, а на осомничениот М.З. му определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена и кај двете лица заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, можност да ја попречи истрагата и да влијае на сведоци и можност да го повтори делото“, истакнуваат од Кривичниот суд во Скопје.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, соопштија надлежните.

Share
Scroll to Top