Струшкото основно јавно обвинителство поведе постапка против 57-годишен професор од Струга, за кого постои сомнение дека сторил кривичното дело насилство.
Осомничениот вчера околу 12:30 часот, со боксирач удрил 18-годишен ученик во пределот на главата. Физичкиот напад следел по кратка вербална расправија на осомничениот професор со мајката на оштетениот ученик.
Во насока на непречено одвивање на постапката, судот го прифатил предлогот на обвинителството и на осомничениот професор му определил притвор во траење од 8 дена.