Промовирани нови 29 поручници во редовите на Армијата

пред 2 години

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска со пригодна свеченост беа промовирани новите 29 (дваесет и девет) поручници во служба на Армијата на Република Северна Македонија кои поминаа шест месечен курс за стручно оспособување.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

На свеченоста присуствуваше и се обрати заменикот министер за одбрана, Башким Хасани кој упати честитки до новите офицери.

„Поминавте интензивна шестмесечна обука која за прв пат беше спроведена согласно НАТО стандардите. Поминавте низ еден процес на тренинг спроведен во две фази од професори и предавачи на Академијата кои опфаќаат општа воена и специјалистичка обука, постигнавте високи оцени. Одговорноста пред Вас е голема, бидејќи сте дел од најважниот столб на татковината, столбот на државноста и сувереноста“ – истакна Хасани.

Тој потенцираше дека новите офицери – 12 жени и 17 мажи стануваат дел од најреспектабилната институција и дека очекува од нив со голема мотивација да го следат чекорот на нивните колеги.
Тој упати благодарност и до сите професори, предавачи и останати вработени на Воената академија за трудот и посветеноста за да произведат, кадар за почит.

„Ние не сме најголемите во НАТО, ниту воено најсилни. Но заедно со вас, заедно со целата армиска и одбранбена структура може да бидеме побрзи и поамбициозни. Само преку инвестиции и силно вложување во човечкиот капитал, нашата армија има одржливи и долгорочни перспективи за развој“, рече заменикот министер Хасани.

Share
Scroll to Top