Пронајдени двајца гевгеличани кои биле загубени на Кожув

пред 3 години

Доцна синоќа биле пронајдени двајца гевгеличани, кои вчера се изгубија на планината Кожув. Нивното семејство пријавило дека тие се изгубени, откако заминале рекреативно да планинарат.

„ Спасувачки екипи составени од полициски службеници од МВР, Шумската полиција, Шумско стопанство Гевгелија, ловното друштво „Елен“ од Гевгелија и членови на семејствата вечерва околу 22 часот на две издвоени локации на планината Кожуф ги пронајдоа В.Д. (70) и К.А. (58), за кои денеска во 17.30 ч. во ОВР Гевгелија беше пријавено дека се изгубиле откако во утринските часови заминале рекреативно да планинарат на планината Кожуф“ соопшти МВР.

Лицата се во добра здравствена состојба.

Share
Scroll to Top