Проштална средба на министерката Петровска со амбасадорката на Обединетото Кралство, Галовеј

пред 2 години

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Министерствооствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, по повод завршувањето на мандатот амбасадорка во земјава.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Министерката Петровска изрази голема благодарност до амбасадорката Галовеј за нејзиното лично залагање и несебичната поддршка за нашата земја во процесот на интеграцијата во НАТО и Европската Унија и особено за нејзиното залагање за развој на армиските капацитети. Таа потенцира дека средствата и опремата кои беа донирани од страна на Обединетото Кралство особено во поглед на опремување на Лесната пешадиска баталјонска група и единицата за АБХО, советодавната улога во насока на подобрување на оперативните способности на Армијата и процесот на трансформација, но и за школувањето, заедничкиот тренинг, развојот на декларираните НАТО единици, развојот на родовата перспектива, се дел од вкупната соработка со Обединетото Кралство и затоа Република Северна Македонија Ви е благодарна.

Петровска и Галовеј го истакнаа значењето на досегашната интензивна соработката на двете земји во областа на одбраната и изразија обострано задоволство за постигнатото во изминатиот период и посочија дека оваа соработка ќе продолжи со ист интензитет.

Амбасадорката Галовеј посочи дека Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува нашата Армија преку обуки, заеднички вежбовни активности, како и школувањата во високите одбранбени школи. Како пример ја посочи вежбата „Брз одговор – 22“ каде на дело се покажаа како сојузниците заедно функционираат односно се покажаа заедничките способности на армиите и нивната интероперабилност која се градеше во изминатиов период.

Share
Scroll to Top