Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

пред 3 години

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и процесот на искоренување на говорот на омраза ќе стане одржлив и неповратен. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев.

Радев коментира дека владата со години давала дарежливи ветувања за безусловна поддршка на Сверна Македонија, и доцна се сетила дека мора да го заштити националниот интерес, рече претседателот, пренесе БГНЕС.

Според него, би било голема грешка ако премиерите Борисов и Заев играат „некаков театар“ и потпишат декларација на желби, како што е договорот од 2017 година, без јасни критериуми и механизми.

„Имаме најголема желба нашите пријатели од РС Македонија да ја добијат својата европска перспектива и затоа сега треба да почекаме да се смират емоциите. Ние мора да се вооружиме со трпеливост за отворен, мирен разговор, за да можеме јасно да ги видиме позициите на обете страни и да не бидеме во искушение со брзи одлуки“, вели Радев.

Според него, Бугарија треба да се согласи на преговори тогаш кога во Северна Македонија ќе се искорени говорот на омраза, како и злоупотребувањето на, како што вели, бугарскиот идентитет и суверенитет. Во спротивно, додава Радев, проблемите би интегрирале во ЕУ.

Share
Scroll to Top