Кандидатот за градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ, Владко Грозданов, изјави дека постигнувањето на цензусот е доказ за достоинството и чесноста на кочанчани.
„Ова е една од најтешките изборни трки во историјата на Кочани. Една трка со најголем товар, како за мене така и за моите противкандидати. Но, сепак моите кочанчани, моите сограѓани, се одважија и пред се со постигнувањето на цензусот за легитимност на изборите покажаа дека се достојни и чесни и секако со самиот резултат кој го доделија во моментот ја покажаа својата визија за иднината“, рече Грозданов во разговор за „Сител“.
Тој им се заблагодари на граѓаните за поддршката и порача дека таа не го воздигнува, туку го охрабрува да работи уште посилно и почесно.
Претстои иднина за нашите деца, претстои иднина за Кочани. Кочани мора да се исправи, додаде.
Грозданов го заврши првиот круг од локалните избори со водство од повеќе од 2.000 гласа пред неговиот противкандидат, актуелниот в.д. градоначалник, Венко Крстевски, кој настапува независен. Вториот изборен круг ќе се одржи на 2 ноември.
Текстот Резултатот не ме воздигнува, туку ме охрабрува да работам уште посилно, вели кандидатот за градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.






