Роденденска прослава за Али Ахмети во новата зграда на Министерството за политички систем

пред 3 години

Петнаесетмина високи државни функционери од ДУИ денеска го прославија роденденот на лидерот Али Ахмети во „новиот дом“, како што ја нарече првиот вицепремиер Артан Груби, барокната зграда во која се смести Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на социјалните мрежи објави фотографија од една од новите простории на министерството каде без заштитни маски се собрани челниците на ДУИ, а подоцна на социјалните мрежи се појавија и слики на кои претседателот Али Ахмети сече торта во истата сала.

Али Ахмети е роден на 4 јануари 1959 во селото Зајас.

4 Janar!

Posted by Bujar Osmani on Понеделник, 04 јануари 2021

Покрај партискиот лидер, на фотографијата се и претседателот на Собранието, Талат Џафери, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши, поранешниот министер за образование Арбр Адеми, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за животна среднина Насер Нуредини и уште седуммина.

Министерот Османи во прилог на објавената фотографија кратко напиша „4 јануари“.

Share
Scroll to Top