Гевгелија ќе добие зграда со 52 социјални станови до март 2022 година

пред 3 години

Социјалната зграда со 52 стана што се гради во Гевгелија се очекува да биде завршена и пред рокот – март 2022 година. Станува збор за инвестиција во износ од речиси 80 милиони денари, со исклучително големо значење за социјално ранливите категории граѓани од овој град. Според министерот за транспорторт и врски Благој Бочварски, за ваков тип проекти, како што рече, предвидени се преку 130 милиони денари. Очекува да ги реализираат сите во текот на оваа буџетска година.

Директорот на АД за стопанисување со станбен и со деловен простор, Кристијан Трајковски најави дека наредната недела ќе стартува изградбата и на социјалната зграда во Велес и ќе се заокружи тендерот за планираната зграда во Пехчево.

„ Сите набавки што ги предвидовме очекувам дека ќе ги завршиме најдоцна до март. Силно сме посветени на изградба на вакви објекти и очекувам по завршувување на проектот за сите овие социјални згради во март годинава, да разговараме со банката која го финансира овој проект“, изјави Трајковски.

Тој повтори дека се во преговори за финансирање нов проект за социјални згради, а очекува да биде објавен најдоцна до средината на годинава.

Според министерот Бочварски во моментов околу 600 станбени единции за социјално ранливи семејства и категории се реализираат на територијата на целата држава.

Share
Scroll to Top