Руската амбасада со потврда: Бугарија дозволи прелет на авионот на Лавров за да пристигне на самитот на ОБСЕ во Македонија

Руската амбасада со потврда: Бугарија дозволи прелет на авионот на Лавров за да пристигне на самитот на ОБСЕ во Македонија

пред 6 месеци

Руската амбасада во Бугарија соопшти дека бугарските власти дозволиле авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да прелета низ бугарскиот воздушен простор за да пристигне на самитот на ОБСЕ во Северна Македонија, пренесуваат медиумите во регионот.

„Да, потврдуваме“, изјавија од руската амбасада за РИА на прашањето дали е вистина дека Бугарија дозволила авионот на шефот на руската дипломатија да прелета.

Портпаролот на Европската унија Петер Стано претходно изјави дека дозволата за прелет на руското Министерство за надворешни работи не претставува кршење на антируските санкции.

Состанокот на министрите за надворешни работи на 57-те земји членки на ОБСЕ ќе се одржи во Скопје од 30 ноември до 1 декември на барање на претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.

Текстот Руската амбасада со потврда: Бугарија дозволи прелет на авионот на Лавров за да пристигне на самитот на ОБСЕ во Македонија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top