Русковска барала вештачење на телефонот со кој бил фотографиран Рашковски

пред 3 години

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, го контактирала сопственикот на порталот каде што беше објавена фотографијата од Драги Рашковски и побарала лицето кое го снимало да дојде во ОЈО за да се изврши форензичко вештачење на телефонот.

Образложи дека побарала вештачење бидејќи судот нема доказ дека Рашковски е забележан после времето, што е одобрено за излез од домашниот притвор.

Русковска рече дека, за жал, никој не се јавил ниту се појавил по нејзиниот повик.

Share
Scroll to Top