Само вчера пријавени се четири случаи на семејно насилство низ Македонија

пред 3 години

Полицијата јави за четири случаи на семејно насилство кои во текот на вчерашниот ден се одвивале низ територијата на Македонија.

Два од нив се однесуваат на напад врз жени. Имено, вчера  на улицата Прохор Пчински во Крива Паланка, полициски службеници го привеле М.П.(63) што физички ја нападнал неговата 59-годишна сопруга. Вториот настан е во Неготино, каде полициски службеници го привеле О.Н.(52) поради напад врз неговата 45-годишна сопруга.

Во Крива Паланка се случил уште еден напад. Според полициските информации, приведен е А.Н.(55) од с.Ранковце оти физички го нападнал неговиот брат.

Истовремено, од слобода е лишен и велешанец кој се обидел со нож да го повреди неговиот 39-годишен син.

Од МВР велат дека по целосно документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Share
Scroll to Top