Санкционирани 341 возач во Скопје, 25 возеле без дозвола

пред 4 години

Во Скопје вчера биле изрешени вкупно 341 меркa, меѓу кои 25 за возење без возачка дозвола.

Дополнително 31 лице возеле технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 се санкционирани за користење на мобилен телефон и изречени се 17 санкции за минување на црвено светло. Изречени се 72 мерки за непрописно паркирање, а 58 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 16 санкции, информира МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Share
Scroll to Top