Првите дваесеттина кандидати за градоначалници се очекува да бидат потврдени на денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ.
Засега е извесно дека за градоначалник на Скопје, повторно ќе се кандидира Петре Шилегов. Потврдена е и кандидатурата на Перо Костадинов за градоначалник на Валандово, а актуелните градоначалници на Ресен и Крушево повторно ќе влезат во трка на изборите.
До 1 јули во СДСМ биле пријавени 562 кандидати за градоначалници и 4.530 за советници.
Локалните избори треба да се одржат во втората половина на октомври.