СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја обезвредни и распродаде „АД Славија“, а сега пласира тешки лаги и дезинформации

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ ја обезвредни и распродаде АД Славија, а сега пласира тешки лаги и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ шири тешки и перфидни лаги од Белиот дворец, стои во писмената реакција од страна на СДСМ.

Вистината, според оваа партија е дека ВМРО-ДПМНЕ го има обезвреднето и ракрчмено имотот на „АД Славија“.

„Токму ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2012 – 2017 со тајни и задкулисни зделки распродала над 70% од имотот на „АД Славија“. Проценката направена во 2012 година говори дека компанијата имала долг од 17 милиони евра, што значи дека уште тогаш нејзината вредност била најмногу три милиони евра. Компанијата и државата се оштетени со ваквата тајна продажба, бидејќи по неповолни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ целата држава, кои денес се во сопственост на приватни компании“, се појаснува во партиското соопштение.

Додаваат дека наместо да пласираат лаги и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ треба да се пријави за купување на „АД Славија“ и да ги преземе долговите во компанијата направени токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top