СДСМ: Грижата за најранливите категории на граѓани врвен приоритет

пред 3 години

Владата предводена од СДСМ и општините покажуваат вистинска грижа за сите граѓани, од работници, преку сиромашни, до лица со попреченост. За нас како социјалдемократска партија, еден од врвните приоритети е заштитата на достоинството на работниците, велат од владејачката СДСМ.

Потсетуваат дека, минималната плата е покачена од 9.000 на 15.200 денари. А, денеска, како што пишува во соопштението, има просечна плата од 28.764 денари, односно платите се покачени за најмалку 100 евра.

„Од 1 јануари 2022 просечната плата ќе стане 500 евра, а минималната плата 300 евра. Фокусот на нашето работење е свртен кон трајно извлекување од сиромаштија преку реални мерки и политики. Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто. И понатаму продолжуваме да излегуваме во пресрет на најранливите, а со тоа и најпогодени од сиромаштијата преку парична помош и нивно вклучување на пазарот на трудот“, се потенцира во писмениот допис.

Во него се додава дека Владата предводена од СДСМ покажала вистинска грижа и борба за достоинствен живот за возрасните.

„Во таа носока воведовме државна социјална пензија од 6.000 денари за нашите сограѓани над 65 години кои не исполнуваат услови за стекнување на пензија. Општините создаваат услови за активно вклучување на лицата со посебни потреби во одлучување на општините. Воведовме лични асистенти за лицата со попреченост“, напоменуваат од СДСМ.

Share
Scroll to Top