Парламентарното мнозинство синоќа избра нов состав и програма на новата Влада предводена од СДСМ, соопшти владејачката партија.
„ Новата Влада со работа започнува веднаш. Веќе на првата седница, денеска, се очекуваат одлуки за енергетската криза.
Веднаш потоа, решенија за зголемување на пензиите и за поддршка на куповната моќ на граѓаните.
Владата ќе се посвети на ефикасна реализација и стимулирање на домашните јавни капитални и домашните и странски приватни инвестиции“ порачуваат од СДСМ.