СДСМ: Единствената желба на Мицкоски е да го закочи напредокот на државата

пред 3 години

Губитникот Христијан Мицкоски е осамен и изолиран во сопствената хистерија, во сопствениот очај, велат од СДСМ по денешниот протест организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Споре нив, на протестите во организација на Мицкоски има се помалку негови поддржувачи.

„Единствената желба на губитникот Мицкоски е да ја закочи државата, да го закочи напредокот, членството во ЕУ. Но нема да успее очајниот Мицкоски. Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет“, стои во партиската реакција.

Според СДСМ, Мицкоски не може да понуди ништо, затоа што нема став по клучните прашања.

Share
Scroll to Top