СДСМ: Енергетска трансформација на дело, нова фотонапонска централа Осломеј

пред 2 години

Владата предводена од СДСМ е силно посветена на енергетска транзиција и зголемување на производството на електрична енергија од еколошки и обновливи извори, велат од СДСМ преку соопштение.

Од владејачката партија информираат дека во тек е тест-периодот на фотонапонската електрана во РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати, во сопственост на АД ЕСМ.

Новата фотонапонска електрана е поставена на местото на некогашниот голем загадувач и ќе снабдува со енергија 2.800 домаќинства.

„Завршување на тест периодот, официјалното пуштање во употреба на оваа фотонапонска електрана, значи старт на енергетска транзиција на РЕК „Осломеј“ како и на кичевскиот регион. За Владата предводена од СДСМ инвестициите во обновливи избори на енергија се приоритет во време кога енергијата од фосилни горива е се поскапа и се понедостижна“, велат од партијата.

Потсетуваат дека донесена е и одлука за инвестирање во проектот во гасната централа Александропули, со што, како што велат, се обезбедува трајно и стабилно снабдување со природен гас. Потпишани се и договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката, како што е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД, но и соларниот парк Стипион во Штип.

 

Share
Scroll to Top