СДСМ: И по шест порази, Мицкоски и натаму не го слуша гласот на народот

пред 4 години

Граѓаните шест пати во изминатите четири години ги поразија лагите, манипулациите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.

Како што наведуваат од владејачката партија, најновиот пораз на блокадите и опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, бил на изборите за градоначалник на Штип.

„Пред само пет месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени на предвремените парламентарни избори. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ги загуби претседателските избори во 2019, а истата година Мицкоски беше поразен и на предвремените локални избори во Охрид и Ново Село. Беше поразен и една година претходно на референдумот во 2018 година кога граѓаните одлучија да го поддржат Преспанскиот договор и кажаа ДА за членство во НАТО и ЕУ. Мицкоски беше поразен и на локалните избори во 2017 година како носител на листата на Град Скопје“, се наведува во партиското соопштение.

Според СДСМ, Мицкоски никако не може да извлече поука од сите порази.

„Никако да го слушне гласот на народот и упорно стои на спротивната страна од интересите на граѓаните и на државата. Граѓаните бираат стабилна иднина, довербата им ја даваат на одговорни политичари кои носат храбри одлуки и обезбедуваат подобар живот“, порачуваат од вадејачката партија од каде додаваат дека само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се изолирани во сопствените лаги и деструкции.

Share
Scroll to Top