СДСМ: Мицкоски е единствениот кој не повикува на масовна вакцинација

пред 3 години

Мицкоски е единствениот кој не повикува на масовна вакцинација, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„За СДСМ како одговорна партија, највисок приоритет е здравјето на граѓаните.

Постојано апелираме до граѓаните да се пријават за вакцинација и да ги почитуваат мерките за заштита, за да успееме заеднички да ја победиме пандемијата со коронавирусот.

Повици за вакцинација стигнуваат и од јавни личности, од политичари и лидери на политички партии… единствено Христијан Мицкоски не повикува и не ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа единствените кои од прв ден на пандемијата ги кршеа мерките за заштита, блокираа изградба на модуларни болници, се потсмеваа на болните од коронавирусот.

Денес кога масовната имунизација е полн ек, наместо да повикаат граѓаните да се вакцинираат, тие поддржуваат антиваксерски протести со кои му се наштетува на здравствениот систем.

Додека сите се насочени во борба против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе останат запаметени дека наместо на страната на јавното здравје, биле на страна на вирусот“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Share
Scroll to Top