На пет дена пред истекот на рокот за поднесување кандидатури за градоначалници, Христијан Мицкоски сè уште нема кандидати за огромен број општини, велат од СДСМ.
„Секому му е јасно дека со нечесниот и неодговорен однос кон граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека нов изборен пораз. Затоа никој не се нафаќа да биде кандидат на партија – губитник, затоа се почесто во јавноста излегуваат информации за конфликти внатре во ВМРО-ДПМНЕ и нивната губитничка коалиција“, стои во партиското соопштение во кое се нагласува дека ВМРО-ДПМНЕ нема свој кандидат за Град Скопје, нема свој кандидат за Центар, а сè уште нема објавено кандидати за Битола, Струмица, Карпош, Аеродром…
„Мицкоски може да тактизира и да моли други партии, да блефира со ново мнозинство, но тоа нема да го спаси од нов изборен пораз, седми по ред“, велат од СДСМ и додаваат дека на 17 октомври граѓаните ќе го поддржат концептот со кој ќе продолжи развојот на општините и напредокот на државата.