СДСМ: Мицкоски целосно се загуби, покажува безидејност и деструктивност

пред 3 години

После објавувањето на црната листа на САД на којашто се најде неговиот шеф Груевски, Христијан Мицкоски целосно се загуби, реагираат од СДСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според владејачката партија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните освен манифестација на немоќ, безидејност и деструктивност.

„Деструкции, блокади и по секоја цена партиско мотивирање на протести среде најголема криза. Зарем нема никој во Белиот дворец да му ја каже реалноста на Христијан Мицкоски? Себичните политички желби на Мицкоски не нè засегаат. СДСМ е посветен на интересот на граѓаните и државата.

Имаме многу одговорна работа, а тоа е менаџирање на најголемата економска криза по втората светска војна којашто Владата успешно ја спроведува“, се наведува во партиската реакција во која се додава:

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е стабилно и нема да дозволи загубениот Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ да направат штета на граѓаните’.

Share
Scroll to Top