Над 55.000 евра месечно ги чинат граѓаните неработењето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Само за основните плати пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно. Дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци. Исто така врз грбот на граѓаните. Тоа се над 55.000 евра месечно народни пари кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги добиваат од граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Од партијата наведуваат дека наместо да ги заработат тие не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисии кои ги водат и прават штета на граѓаните кои ги плаќаат. Граѓаните не ја дале довербата на пратениците да блокираат, да ја опструираат работата на Собранието и да не си ја работат работата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат парите за плати, дневници, патни трошоци и мобилни телефони кога веќе решиле намерно да не работат.
Над 55.000 евра месечно, во време на криза, се сериозни средства со кои може да им се помогне на илјадници семејства.
Ова пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е најдеструктивната пратеничка група која работи исклучиво на штета на граѓаните и државата.
СДСМ заедно со парламентарното мнозинство ќе се спротивстави на блокадите и ќе ги донесе законите кои се од интерес на граѓаните, се вели во соопштението.