СДСМ: Наместо да застане зад државните позиции Мицкоски неосновано ја плаши јавноста

пред 3 години

Наместо да застане зад државните интереси, Христијан Мицкоски и на верски празник шири невистини, неосновано ја плаши јавноста, со што ги поткопува државните позиции. Нема да има никава асимилација на македонскиот народ, ниту граѓаните ниту СДСМ тоа ќе го дозволат, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Ова е идентично однесување на Мицкоски кој лажеше дека државата ќе ни се распрачела, кој пред Бојко Борисов велеше дека „го поткрепа„ Договорот.

Истиот тој Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека ќе се населеле еден милион мигранти, дека со Законот за јазиците секој ќе мора да учи друг јазик и што ли уште не.

Тоа е Мицкоски, на денот кога сите се свртени кон духовното, тој продолжува да тера политиканство и лажни вести, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top